Земјоделците и сточарите од Делчевско и Каменичко годинава осум дена пред истекувањето на рокот до Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство поднеле 900 барања за субвенции. Овој број ќе се зголемува и очекуваме да биде над илјада, бидејќи секојдневно лично доаѓаат по десетина заинтересирани во нашите канцеларии, а значителен е и бројот на барања поднесени по електронски пат, вели Драган Христов, раководител на Подрачната единица на МЗШВ во Делчево. Најголем број од апликациите се поддршка во овоштарството, полјоделството, градинарското производство и во сточарството. Од општина Македонска Каменица најмногу барања има од земјоделските производители од селата Луковица, Цера, Косевица и Моштица, а од општина Делчево од Драмче, Бигла, Град, Вирче, Разловци и Тработивиште.
Земјоделците и сточарите од Делчевско и Каменичко годинава осум дена пред истекувањето на рокот до Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство поднеле 900 барања за субвенции.
- Овој број ќе се зголемува и очекуваме да биде над илјада, бидејќи секојдневно лично доаѓаат по десетина заинтересирани во нашите канцеларии, а значителен е и бројот на барања поднесени по електронски пат - вели Драган Христов, раководител на Подрачната единица на МЗШВ во Делчево.
Најголем број од апликациите се поддршка во овоштарството, полјоделството, градинарското производство и во сточарството.
Од општина Македонска Каменица најмногу барања има од земјоделските производители од селата Луковица, Цера, Косевица и Моштица, а од општина Делчево од Драмче, Бигла, Град, Вирче, Разловци и Тработивиште.